Убиство во Обреновац – поради зелена камата му пресудил на 71-годишник

by Fokus

Драган С.(47) е уапсен вчера во Обреновац, откако во изнајмениот стан во кој живее со нож го убил својот познаник Чедомир Љ. (71) на кого му позајмил пари.

Имено, според неофицијални информации, Драган претходно позајмил од Чедомир 1.000 евра, со камата, и во договорениот рок, тој му вратил вкупно 3.000 евра.

Но, Чедомир наводно продолжил да му бара пари на Драган, па овој во напад на бес му забил нож во градите, а потоа сам и се предал на полицијата.

Извор од истрагата вели дека Драган во саботата околу 16 часот и 45 минути влегол во полициската станица во Обреновац и на полицајците им рекол: „Дојдов да се предадам, убив човек“.

– Тој кажа и дека телото е во стан под кирија на улица Авалска бр.15 во населба Гај. Полицијата потоа го претресла и во неговата чанта пронашла крвав нож. Драган веднаш им кажал дека тоа е оружјето со кое го убил својот познаник – рекол изворот на истрагата, пишува Ало.рс.

Неколку полициски патроли заедно со осомничениот веднаш отишле во станот во кој живее Драган, а таму на фотелја пронашле мртов постар маж, кој имал неколку убодни рани на градниот кош.

– Екипата на итната помош можела само да ја констатира смртта на несреќниот маж, а полицијата потоа го утврдила неговиот идентитет. Низ целата соба имаше крв, како и на фотелјата каде што беше убиениот. По истрагата телото е пренесено на обдукција – вели соговорникот.

Во меѓувреме Драган детално раскажал како се случило убиството.

– Рече дека Чедомир пред извесно време му позајмил 1.000 евра, со зелена камата. Драган се правдаше дека со текот на времето му вратил околу 3.000 евра на Чедомир, но овој секогаш му барал повеќе и измислувал нов долг на име камата – објасни извор и додаде:

– Наводно, кобниот ден Драган го повикал Чедомир во неговиот стан и таму му рекол дека нема повеќе пари и дека нема да му даде ниту евро бидејќи е во тешка финансиска состојба. Но, Чедомир, според тврдењата на Драган, почнал да му се заканува дека ќе му испрати некои опасни криминалци од Обреновац. Настанала расправија, а Драган потоа извадил нож и го избодел – изјавил соговорникот за Ало.рс.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на Драган му е одредена мерка притвор до 48 часа, со кривична пријава за тешко убиство, што предвидува максимална казна доживотен затвор.

Поврзани новости