Убиство во ковид-болница во Атина, пациент бил исклучен од респиратор

by Фокус

Човек што се лекувал од Ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент откога го исклучил од респиратор.

Грчката полиција соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останува под стража во атинската болница сѐ додека не закрепне, пренесе „Ројтерс“.

Пациентот (76), кој исто така се лекувал од Ковид-19, починал во средата вечерта откога лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респираторoт без знаење на доктор.

Поврзани новости