Убиените момчиња во Скопје се на возраст од 24 и 28 години, во нив било пукано со пиштол и автоматска пушка

by fokus

Од МВР информираат дека синоќа биле убиени две момчиња на возраст од 24 и 28 години.

-Во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости