Убиена славна турска пејачка со босанско потекло

by Fokus

Популарната турска пејачка Хаџер Тулу е убиена во ноќен клуб во близина на познатото летувалиште Бодрум каде дошло до вооружен инцидент.

40 годишната Тулу е едно од двете убиени лица во масакрот, а четворица беа повредени, објавија локалните медиуми. Доктори на итната медицинска помош се обиделе да ја спасат, но безуспешно. Втората жртва е сопственикот на клубот „Медуза“каде што се случило убиството, Мехмет Али Суренсој, додека пак повредени се уште четири лица.

 Според локалните медиуми, пукано е од автомобил во движење.

Поврзани новости