Убиен функционер на ДУИ во престрелка во Куманово

by Фокус

Две лица денеска се застрелани во престрелка во кумановската населба Бегиње, а едното им подлегнало на повредите. Според пишувањата на порталот Лајм, убиениот е Командант Шчипоња (Џемаил Реџепи), најсериозниот кандидат за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.

Лајм пишува дека Командант Шчипоња не се согласувал со изборот на сегашниот претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани, кој бил именуван од страна на Али Ахмети. Наводно, Командант Шчипоња денеска требало да се сретне со Лимани.

Од МВР го потврдиле убиството на Реџепи, како и престрелката во која едно лице биле повредено, а едно убиено.

 

Поврзани новости