Убава вест за планинарите: Планинарски дом „Чеплес“ го зголеми капацитетот

by fokus

Планинарскиот дом „Чеплес“ го зголеми својот капацитет на сместување. Од денеска, сместувачките капацитет на домот изнесува 90 легла, што секако ќе ги израдува планинарите.

Направени се две соби комплет со осум, односно четири нови кревети и 12 нови душеци.

Домот е изграден во 1952 година, во почетокот неговата намена била како ловечки дом, а подоцна во 1955 година предаден е на управување на Планинарското друштво – „Солунска Глава” од Велес и претворен во планинарски дом.

Фото – Тодорче Ѓорѓиев

Поврзани новости