Уапсено едно од лицата за кое денеска МВР побара помош од граѓаните

by fokus

По пријава на граѓанин полицијата го пронашла и привела еден од тројцата осомничени за насилните протести во Собрание на 27. април. Приведен е Оливер Ошавковски, лицето кое на фотографијата што ја објави МВР е со качкет на главата.

Информацијата за НОВА ТВ ја потврдија соседи на Ошавковски во Хром, кои велат дека пред триесетина минути во неговиот дом пристигнале полициски Алфи и го однеле во полициска станица.

Од МВР засега ниту ја демантираат, ниту ја потврдуваат информацијата. Повеќе информации најавија во текот на утрешниот ден.

Поврзани новости