Уапсено е лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани да добие дозвола за работа

by Fokus

Уапсено е лицето кое подготвило проект за дискотеката „Пулс“ во Кочани, овозможувајќи ѝ да добие дозвола за работа, иако не ги исполнувала основните услови.

Ова меѓу другото денеска го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Дискотеката „Пулс“ била опасен објект без соодветни безбедносни стандарди. Работела без легитимна лиценца, со еден влез и прозор со решетки, без излези за евакуација и без противпожарна опрема.

„Уапсеното лице е одговорно за изработка на клучен документ за лиценцирање на објектот како кабаре клуб. Истрагата покажа дека тие документи биле составени незаконски, површно и без проверка на реалната состојба, а служеле како основа за одобрување на работата на клубот. Во хартиите, потпишани од приведениот, се тврди дека објектот ги задоволува сите законски барања за функционирање како кабаре, иако е јасно дека не исполнува ни дваесет проценти од тие услови, а камоли сите“ – рече Тошковски.

Поврзани новости