209
МВР информира дека синоќа во 19.40 часот во с. Табановце, Кумановско, на крстосница кон с. Лојане, Липковско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Б.Р.(41) од с. Матејче, Липковско, и Љ.Љ.(32) од Куманово.
При преглед во патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Р., а сопатник бил Љ.Љ., биле пронајдени две лица мигранти од Непал.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.