Уапсени прилепчани кои на патарина се заканувале на полицајци со пиштол

by Fokus

Двајца прилепчани се уапсени во текот на вчерашниот ден, откако истиот ден одбиле да застанат на полициска контрола, па се заканиле со пиштол кон полицајците.

„На 05.07.2021 во Велес од полициски службеници од СВР Велес лишени од слобода се И.Д.(29) и П.Б.(42), двајцата од Прилеп, бидејќи во 19.55 часот кај наплатна рампа на автопат А1 Скопје-Велес, при обид за сопирање и контрола на патничко возило „ауди А3“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Д., П.Б, кој бил негов сопатник вперил пиштол кон полициските службеници, а во обид да избегаат ја  оштетиле наплатната рампа. Полициските службеници испукале предупредувачки куршуми, а повредени лица нема. Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости