Уапсени повеќе од 170 демонстранти во Русија

by Fokus

Повеќе од 170 луѓе се уапсени ширум Русија откако протестираа поради руската инвазија врз Украина, соопшти невладината организација специјализирана за следење апсења во земјата ОВД-Инфо.

– Повеќе од 178 лица се уапсени во 15 руски градови, се наведува во соопштението на невладината организација.

На социјалните мрежи денеска беа најавени антивоени протести во триесетина руски градови, од Владивосток до Сочи.

Организаторите истакнаа дека сакаат да изразат незадоволство поради „колапсот на руската економија“ и да протестираат „против рускиот претседател Владимир Путин“ и  се залагаат за ослободување од затвор на неговиот противкандидат Алексеј Навални.

Во соопштението на организаторите на протестите се посочува дека „Русија заслужува мир, демократија и просперитет“

Поврзани новости