Уапсени пет момчиња осомничени за разбојништво во Тетово

by fokus

Тетовската полиција уапси пет момчиња, осомничени за разбојништво што се случило во август. Поточно, осомничените кои биле вооружени, влегле во стан во градот  и со закана со оружје одзеле пари, телефон и златен накит од 47-годишна жена и нејзината малолетна ќерка кои биле дома во моментот.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово поради основи на сомнение дека на 9 август годинава во 21 часот и 30 минути извршиле разбојништво во стан на улица „Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината малолетна ќерка. Вчера, исто така, од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 20 минути, со судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, 2 боеви и 3 куршуми за гасен пиштол и 2 метални пендреци, информираат од СВР Тетово.

Петмината осомничени задржани се во полициската станица Тетово и во текот на денот со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Поврзани новости