Уапсени осум лица за убиствата на британскиот новинар и експертот за Бразил

by Fokus

Осомничени се осум лица за убиствата на британскиот новинар Дом Филипс и експертот за Бразил, Бруно Переира, соопшти бразилската полиција.

Претходно, уапсени се три лица, но сега идентификувани се уште петмина кои, наводно, помогнале при сокривање на телата, јави Би-би-си.

Филипс и Переира исчезнаа на 5 јуни за време на службено патување во оддалечената долина Јавари. Нивните тела идентификувани се во петокот, откако наводно, еден од притворените, Амарилдо да Коста де Оливеира, признал дека ги закопал.

Уапсен е и неговиот брат, Осенеј да Коста де Оливеира, кој негира за каква било вмешаност во случајот. Во саботата беше уапсен и осомничениот Џеферсон да Силва Лима, кој прво побегна, но, подоцна ѝ се предаде на полицијата.

Поврзани новости