Уапсени над 1.800 лица за перење пари

by Фокус

Меѓународна операција насочена кон шемите за перење пари кои таргетираат трети лица доведе до апсење на 1.803 лица, соопшти денеска Европол.

Дваесет и седум земји биле вклучени во операцијата, меѓу кои земји-членки на ЕУ, Велика Британија и Австралија. Операцијата траела од средината на септември до крајот на ноември.

Учесниците во операцијата уапсија четири пати повеќе осомничени отколку во слична операција спроведена минатата година.

Речиси 7.000 измамнички финансиски трансакции беа откриени за време во 2021 година, насочени кон таканаречените „мули на пари“, со помош на околу 400 банки и финансиски институции.

Терминот „мули на пари“ се однесува на форма на перење пари во која се користат главно беспрекорни поединци кои дејствуваат како доверливи „мули“, обезбедувајќи лични сметки за примање и натамошен трансфер на пари од криминални извори.

Поврзани новости