Уапсени две момчиња кај Бит Пазар за поседување на марихуана

by fokus

Две момчиња на возраст од 19 и 22 години се уапсени викендов на подрачјето на Бит Пазар заради поседување на марихуана. Како што соопштија од полицијата вчера во 03.30 часот е уапсен 22-годишниот Б.М.  затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Утринава, пак, во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода 19-годишниот А.Ц. од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Од МВР додаваат дека по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости