Уапсени четири лица во Велес откако биле фатени со марихуана

by Fokus

Доцна синоќа, три лица од Велес и едно од Прилеп биле уапсени во Велес, откако биле фатени со марихуана и прашкаста материја.

„На 27.09.2020 во 00.40 часот од угостителски објект на ул.„А.Шурков“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М.(26), С.Д.(45),  И.К.(43), сите од Велес и В.Т.(31) од Прилеп, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Поврзани новости