Уапсен турски државјанин, прикажал фалсификуван ПЦР тест при излез од државата

by fokus

Од МВР информираат дека 63-годишен државјанин на Турција, вчера при излез од државата прикажал фалсификуван ПРЦ тест.

-Вчера во 08:40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, за излез од Република Северна Македонија, бил лишен од слобода О.Ј.(63) од Република Tурција поради постоење основи на сомнение дека приложил фалсификуван негативен ПСР тест. Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот Центар за Гранични работи Север за понатамошна постапка, велат од МВР.

Поврзани новости