Уапсен поранешниот потпретседател на хрватската влада, Толушиќ

by fokus 12:43
12:43

Хрватската полиција утрово по налог на Канцеларијата на европското обвинителство во Загреб го приведе поранешниот потпретседател на Владата и министер за земјоделство Томислав Толушиќ.

Според полицијата, тој е уапсен поради основано сомневање дека е сторител на кривични дела од областа на стопански криминал – измами при субвенции, злоупотреба на службена положба и поттикнување на злоупотреба на службена положба.

Со криминалистичка истрага покрај Толушиќ е опфатено уште едно лица вработено во Министерството за земјоделство.

Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава до Канцеларијата на европското обвинителство во Република Хрватска.

Толушиќ е еден од добитниците на „винска етикета“ односно државна субвенција за инвестиции во винарии, па се претпоставува дека токму тоа е причина за неговото апсење.

Станува збор за неповратни средства во износ од 2,5 милиони хрватски куни што ги доделува Агенцијата за исплати во земјоделството, рибарството и руралниот развој. Парите биле одобрени во 2020 година за неговата винарија во Вировитица.

Токму Толушиќ го донел правилникот според кој се регулирани субвенциите во време додека уште беше на министерската функција. Според сомневањата, тој ги потпишал субвенциите, се повлекол од политичките функции, па потоа аплицирал за неповратна помош што и ја добил.

Поврзани новости