Уапсен Македонец во Србија, полицијата му нашла килограм хероин

by Fokus

Полицијата во Јагодина, уапсила државјанин на Република Северна Македонија А.А.(41) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Полицијата денеска во Параќин во автомобил „голф“ со регистерски таблички на Република Северна Македонија, управуван од страна на осомничениот, пронашла две пакетчиња со супстанца налик на хероин со вкупна тежина од 1.022 грама и една кеса со помала количина супстанца слична на марихуана.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство, велат од српското МВР.

Поврзани новости