Уапсен криминалец кој треба да одлежи две години и осум месеци во „Шутка“

by fokus

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потраги утрово во 09.00 часот го привеле Д.Т.(32) од Скопје, кој се барал со потерница од Казнено-поправна установа Затвор – Скопје.

Од МВР денеска соопштија дека Д.Т. е осуден на казна затвор од две години и осум месеци, по чл.378 и чл.241 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Скопје.

Поврзани новости