Уапсен Косовец кај „Долно Блаце“ баран од Интерпол Германија

by Fokus

Вчера попладне, жител на Косово бил уапсен кај ГП Долно Блаце, затоа што се барал од Интерпол од Германија, пренесува МВР.

„На 11.11.2020 во 18:30 часот на граничен премин „Долно Блаце“ при пасошка контрола од полициски службеници бил лишен од слобода Р.М.(31) од Р.Косово, бидејќи било утврдено дека евидира во евиденциите со мерка „апси“ по барање на Интерпол од Германија. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци за понатамошна постапка“, додаваат од МВР.

Поврзани новости