2
Израелската полиција и разузнавачката агенција Шин Бет соопштија дека денеска го уапсиле израелскиот државјанин Едуард Јусупов (65), осомничен дека соработувал со ирански разузнавачи и за тоа добил десетици илјади долари.
Во соопштението се наведува дека Јусупов, жител на градот Нетивот на југот на Израел, собирал податоци за нуклеарната локација Димон на југот на Израел, како и други клучни капацитети низ целата земја, објави порталот Израел Хаџом.
Јусупов, наводно, остварил контакт со државјанин на Азербејџан со седиште во Дубаи на почетокот на октомври минатата година, за кого фотографирал безбедносни објекти и критична инфраструктура низ Израел.
Се очекува утре против Јусупов да биде поднесена тужба.