Уапсен газда на кафеана, тројца гости немале сертификат за вакцина

by fokus

Сопственик на кафеана во Гостивар е уапсен, бидејќи при контрола биле затекнати тројца гости без сертификат за вакцинација, а објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21:35 часот, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати три гости без сертификат за вакцинација.

Сопственикот С.Е., кој бил лишен од слобода ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Поврзани новости