Уапсен е Игор Југ – насилникот од крвавиот четврток баран со потерница

by fokus

Утрово во Куманово е уапсен Игор Југ, еден од групата која на 27-ми април упадна во прес салата на Собранието каде беа претепани и нападнати пратеници и новинари, потврдуваат за „Телма“ извори од истрагата.

Против Југ е отворена истрага веднаш по инцидентот, но беше недостапен за органите на прогонот.

Од полицијата засега нема официјална потврда на оваа информација. Како што дознава телевизијата, апсењето е изведено утринава, а Игор Југ е најден во станот на својот починат татко во Куманово.

Поврзани новости