„Тврдокорните“ денеска во 17 часот повторно на протести, бараат одземање на мандатот на Зоран Заев

by Fokus

Здружението „Тврдокорни“ повикува на протест денеска пред вилата на Претседателот на Република Македонија.

Мирниот протестен марш ќе започне во 17.00 часот, пред Канцеларијата на Делегацијата на Европската унија на булеварот „Св. Кирил и Методиј“, каде „Тврдокорни“ ќе се обратат до ЕУ и НАТО со 12 протестни барања и ќе им предадат дел од протестните текстови.

„ Македонските носители и бранители на државниот суверенитет имаат барање за одземање на мандатот на З.З.- СДС, поради непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси, а за туѓи  интереси и рушење на државата. Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и државата,од сите дејства со кои земјата/државата (Р.Македонија) и Македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација – се наведува во соопштението од „Тврдокорни“.

 

Поврзани новости