Тврдокорни в среда на протест: Секој кој ќе крене рака за двојазичност, од македонскиот народ ќе добие посебен режим

by Fokus 11:45
11:45

Тврдокорни заедно со „МОС Македонски Обединети Сили“, во среда со почеток во 18 часот, ќе протестираат против воведување на двојазичност.

„Ги повикуваме сите организации и поединци и закажуваме протестен марш за среда, 22 ноември,  во 18 часот против воведување двојазичност и албанизација на Македонија. Протестот ќе започне пред седиштето на опозицијата, а главната порака што ќе ја упатат од пред штабот ќе гласи: „Или извадете го народот на улица и бранете ја Македонија или тргнете се од политиката!Од пред зградата на ДПМНЕ маршот ќе се движи до пред Собрание за да им кажеме на „пратениците“ кои ќе кренат рака за воведување двојазичност – Секој кој ќе крене рака за двојазичност односно двонационалност, отсега натаму од нас и македонскиот народ ќе добие посебен режим и посебен третман  – најавија Тврдокорни.

- Advertisements -

 

Поврзани новости