Твоја партија бара оставка од Заев и распишување предвремени избори

by fokus

По денешната блокада од Бугарија и незапочнувањето преговори со ЕУ, Твоја партија бара оставка од премиерот Зоран Заев и Владата и распишување предвремени парламентарни избори.

-Денеска Бугарија стави вето на датумот за пристапните преговори на Македонија во Евроска Унија.
Напорите кои што оваа Влада ги направи во изминатите 3 години, вклучително и Референдумот за промена на уставното име и влез во ЕУ, се покажаа неуспешни.
После овој дипломатски дебакл, Заев и неговиот тим треба веднаш да си понесат одговорност, Заев да си даде веднаш оставка согласно неговата изјава од 6-ти јуни 2019 и веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори, сметаат од Твоја партија.

Поврзани новости