ТВ Нова може да остане без дозвола за емитување

by fokus 15:47
15:47

На телевизијата во стечај ТВ Нова и се заканува одземање на дозволата за емитување и бришење од регистарот на радидифузери. Агенција за адуио и аудиовизуелни медиумски услуги во петок ќе покрене постапка против телевизијата затоа што е утврдено дека не ги исполнувала минималните кадровски услови.

Тоа е утврдено по вонредниот надзор кој Агенцијата го извршиле денеска. Надзорот утврдил дека ТВ Нова не ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

- Advertisements -

ТВ Нова ја известила Агенцијата дека по отворање на стечајната постапка сите вработените лица се одјавени од стечајниот управник и дека во моментов нема вработени лица, туку по отворањето на стечајната постапка за потребите на постапката се ангажирани две лица.

Сепак ТВ Нова и понатаму продолжува со емитување телевизиска програма во етерот.

Агенцијата утврдиле дека е прекршен членот 62 став 6 од Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги и членот 22 од Правилникот.

Поврзани новости