ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО од сабота ќе се емитуваат на КАНАЛ 5

by Fokus

Државна лотарија на Македонија ги известува играчите на играта на среќа Лото, дека од сабота, 15.12. 2018, од коло 100 во 2018та, ТВ извлекувањата на играта на среќа Лото, ќе се емитуваат на КАНАЛ 5 Телевизија.

ТВ емисиите ќе се реализираат во редовниот термин – секоја среда и сабота од 20:00 часот.

Рокот на уплата за тековно коло во среда и сабота останува до 19:00 часот.

Промената на теливизискиот канал, е согласно резултатите по јавен оглас за избор на ТВ канал за продукција и емитување на извлекување на добитни бројчиња од играта на среќа Лото, а по  истек на договор со ТВ СИТЕЛ.

Државна лотарија на Македонија изразува благодарност за досегашната професионална соработка со ТВ СИТЕЛ, каде заклучно со среда 12.декември, 2018 се емитувани близу 900 (деветсто) кола од играта на среќа НовоЛото 7/34.

КАНАЛ 5 Телевизија, е веќе познат соработник на Државна лотарија, со кој се реализирани ТВ емисии со извлекувања на играта Бинго.

Во тек на деветте години приредување игри на среќа, од 23ти април 2010та, Државна лотарија на Македонија реализараше извлекувања на свои игри на среќа, во соработка со МТВ, КАНАЛ5 и ТВ СИТЕЛ.

Водител на емисиите ќе биде и понатаму Марјана Станојковска, која со умешност и шарм не води низ светот на среќните бројчиња, уште 3ти мај 2010та година.

Во колото број 100, кое ќе се реализира во сабота, се очекува премијата за 7ка да достигне 11.000.000 денари. Со оглед на зголемувањето на бројот на играчи и се побрзиот раст на премијата, се надеваме дека празниците ќе ги дочекаме со нов Лото милионер. Премијата на играта Џокер, е најпримамлива до сега, очекуваме да ја надмине најголемата освоена Џокер премија која во 2016та изнесуваше 3.221.285,00.

Семејството на Лото милионери брои 22 (дваесетидве) лица од различни краишта на нашата земја. Најголемата Лото премија беше освоена во 2014та со износ од 365.000 евра.  Рекордна година по број на Лото 7ки е минатата – 2017та година, кога се постигнати дури 5 (пет) 7ки. Во тек на оваа година, до сега се постигнати две премии, но не очекуваат уште пет извлекувања, заклучно 29ти декември, а со среќата никогаш не се знае.

За добро!

Поврзани новости