ТВ Алфа може да остане без дозвола за емитување

by Фокус

Поради долг, почна постапката за одземање на дозволата на ТВ Алфа, од каде што имаат 15 дена рок да соберат пари и да го уплатат долгот кон ОНЕВИП, од каде се емитува сигналот на телевизијата, по што ќе може да продолжи со работата. Ваквата одлука е донесена на денешната седница на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

– По редовниот мониторинг утврдивме дека не се емитува сигналот на телевизијата. Побаравме од ОНЕВИП да одговорат за што се работи, дали е технички проблемот, зошто не го доставуваат сигналот. На 16 август ни одговорија дека поради неплатени обврски го исклучиле емитувањето и по основа на тоа дека сега е повеќе од 30 дена од неемитување на програма, се дава предлог за отпочнување на постапката за одземање на дозволата – истакна директорот Зоран Трајчевски.

Поврзани новости