ТВ Алфа ќе треба да плати глоба од 8.000 евра, прекршочни постапки и против ТВ 21 и ТВ Стар

by fokus

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услугиврз (АВМУ), врз основа на извештаите од извршениот мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборната кампања, покрена прекршочни постапки пред надлежниот суд против телевиизите „Алфа“, „Компани 21-М“ и „Стар“.

Прекршочна постапка против ТВ „Алфа“ е поради необезбедување избалансирано покривање на Локалните избори 2017, во вкупната програма, во првите десет дена од изборната кампања.

Регулаторот утврди дека ТВ Алфа постапила спротивно на одредбите од член 75 став 1 од Изборниот законик со тоа што не обезбедила избралансирано покривање на изборите во својата вкупна програма. Според Изборниот законик доколку радиодифузерот не обезбеди покривање на изборите на правичен, избралансира и непристрасен начин според членот 75, ќе му се изрече глоба во износ од 8.000 евра во денарска противредност.

Како што претходно напишта „Фокус“, оваа телевизија во период од 25-ти септември до 5-ти октомври, издвоила двојно повеќе време за изборната програма и кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ отколку на сите други партии кои учествуваат на изборите.

ТВ „Компани 21-М“ и ТВ „Стар“, пак, емитувале платено политичко рекламирање во посебни информативни програми: во дебатната емисија „Клик плус“, емитувана на 4 октомври годинава на ТВ Компани 21 и во две изданија на „24 Отворено“, емитувани на 4 и 5 октомври годинава.

 

Поврзани новости