ТВ 24: Мобилните телефони клучни за истрагата за Крвавиот четврток

by fokus

Пред 27 април користел пет мобилни телефони, а по крвавите настани осомничен останал само со еден мобилен. Тој е  само еден од многуте учесници кои со намера да сокријат докази ги фрлале или уништиле мобилните телефони, објави ТВ 24, повикувајќи се на извори од обвинителството за организиран криминал.

Во обид да докажат потешки кривични дела од учество во толпа, обвинителите трагаат по броеви и ја анализираат комуникацијата на 122 телефонски броеви. Потрагата по одговори одела потешко бидејќи претходно немало ПИ-мерки со што истражните органи тајно не ја следеле нивната телефонска комуникација.

Во обвинителството дополнително пристигнале и мобилните телефони на Игор Југ, кој беше уапсен пред два дена во центарот на Куманово.

 

Поврзани новости