Туск: Станавте шампиони на политичка зрелост  во вашиот регион

by fokus

Напорите на вашата земја последните години беа извонредни, заедно ги издржавте една од најтеш миграциски кризи. Вашата земја го помина овој тест подобро од многу земји членки, изјави претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, на денешната прес конференција во Владата заедно со премиерот, Зоран Заев.

-Најдовте решение на политичките кризи во вашата земја, преку договор со Бугарија и Преспанскиот догов со Грција станавте шампиони на политичка зрелост во вашиот регион, ова достигнување е навистина импресивно – дополни Туск.

Тој им порача на европските лидери дека Северна Македонија, како што рече, ја завршила својата работа  дека сега е време Европската Унија да ја заврши нејзината и да испорача датум за почеток на преговори во октомври.

-Вашата земја во последниве две годи направи се што се очекуваше од вас за да можат да се отпочнат преговори за пристап во ЕУ. Тоа продол да биде мој цврст став. Вашата земја направи се, затоа и дојдов денеска, сакам да биде кристално јасно дека не постои сомнеж во Брисел во врска со вашата политичка одлука за борба против корупцијата. Добро знаеме дека вашата влада е одлучна во ова – додаде Туск.

Поврзани новости