Туск: Направив се што можам, но многу е тешко да се најде решение

by fokus

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во изјава за Телма вели дека се уште има земји членки кои се скептични во поглед на прашањето за отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

Туск вели дека е многу тешко да се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите членки на Унијата.

-Не сум сигурен. Многу е тешко да се најде решение кое ќе ги задоволи сите земји членки. Направив се за да ги поддржам Македонија и Абанија, но се уште имаме земји-членки кои се скептични кога станува збор за отворање преговори, изјави Туск за Телма.

Поврзани новости