Турција привела над 100 новинари и затворила 100 медиуми

by fokus

Комитетот за заштита на новинари соопшти дека Турција е земјата која во текот на 2016 годината затворила најмногу новинари.

Медиумската слобода во Турција веќе беше под опсада во почетокот на 2016 година. Владата на Турција за два месеца по неуспешниот обид за преврат на 15 јули, привела над 100 новинари и затвориле над 100 медиуми, велат од Комитетот.

2016 година е година во која најмногу новинари биле затворени, односно вкупно 259. Претходниот рекорд на затворени новинари беше во 2012 година кога биле вкупно 232 новинари во затвор.

По Турција, на листата со најмногу затворени новинари следуваат Кина со 38 затворени новинари и Египет со 25.

Поврзани новости