Турција осуди судија, добитник на награда за заштита на човековите права

by fokus

Турскиот суд го осуди судијата Мурат Арслан, кој претходно доби награда за заштита на човековите права, на десет години затвор поради поврзаност со мрежата на имамот Фатулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организација на обидот за државен удар во 2016 година.

Арслан, кој се наоѓа во притвор 22 месеца, осуден е за членство во вооружена терористичка организација, откако беше обвинет за употреба на шифрирани апликации за размена на пораки Бајлок.

Тој ги негираше обвиненијата и рече дека каков било доказ дека тој ја користел апликацијата е „измислен“.

Турските власти, по неуспешниот државен удар, уапсија 77.000 лица, а отпуштија од работа или суспендираа повеќе од 150.000 лица.

Поврзани новости