Турција главна тема на вечерашната средба меѓу Макрон и Меркел

by fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел вечерва во Париз имаа работна вечера, на која според најавите меѓудругото требаше да разговараат и за отворањето преговорите на Европската Унија со Северна Македонија, откако германскиот Бундестаг даде зелено светло за тоа.

Работната вечера на претседателот Емануел Макрон и канцеларката Ангела Меркел е пред се посветена на подготовката на идниот заеднички состанок на француската и германската во Тулуз во предвечерието на европскиот самит во Брисел. На менито многу отворени прашања: Брегзит, назначувањето на европската комисија и турската воена интервенција во Сирија, јавува дописникот на МИА.

Двајцата лидери непосредно пред вечерата се осврнаа на офанзивата на Турција против курдските сили во Сирија, која, како што рече Макрон пред Меркел вечерва во Селисејката палата „најверојатно ќе создаде неодржлива хуманитарна ситуација и ќе и помогне на групата Исламска држава повторно да се појави во регионот“. 

-Наша заедничка желба е оваа офанзива да престане. Ние сме уверени дека оваа офанзива го носи ризикот од една страна, на терен да се создаде неодржлива хуманитарна ситуација и од друга страна да и помогне на Даеш (Исламската држава) повторно да се појави во регионот, рече Емануел Макрон, кој од 22 часот вечерва заседва со Советот за одбрана.

-Зборував со претседателот Ердоган еден час, мора да ги земеме предвид интересите и безбедноста на Турција. Но, исто така сметаме дека мора да ставиме крај на оваа турска инвазија, затоа што има хуманитарни причини и не можеме да ја прифатиме оваа ситуација против Курдите , додаде Ангела Меркел.

Макрон нагласи дека соочени со оваа ситуација ќе останат координирани. Тој ги ги повика Европејците да се обединат во „овој тежок и понекогаш вознемирувачки европски и меѓународен момент“.

Поврзани новости