Турција ги зголеми царините за повеќе американски стоки

by fokus

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потпиша указ за зголемување на царините за увоз на некои америкамнски стоки во Турција, вклучително и за автомобили, алкохол и тутун.

Со указот на Ердоган, царината за увоз на американски автомобил се зголемува за 120 проценти, на алкохолните пијалаци за 140 отсто и на на тутунот за 60 проценти.

Покрај ова, повисоки царини при увоз во Турција добија и коззметичките производи, оризот и јагленот по потекло од САД.

Турскиот потпретседател Фуат Октај во објава на Твитер истака дека Турција ја донела оваа одлука како „одговор на преземените напади на американската Администрација врз турската економија“.

Одлуката на Ердоган следи откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека наредил зголемување на царините за увоз на турски алуминиум и челик во САД, во услови на зголемни тензии меѓу Анкара и Вашингтон.

Поврзани новости