Турција: До две години затвор за заразените со Ковид-19 кои ќе дадат неточни контакти

by fokus

Затвор од три месеци до две години им се заканува на заразените со Ковид-19 во Турција, кои даваат неточни или нецелосни податоци во изјавите за нивните контакти, јавува Анадолија.

Турското Министерство за внатрешни работи испрати циркуларно писмо до окружните администрации на земјата со барање да се преземат активности согласно турскиот кривичен законик во случаи кога се дава лажна изјава или неточни податоци.

Членот 206 од турскиот кривичен законик предвидува затвор од три месеци до две години или парична казна за оние кои поднесуваат лажна изјава до одговорните државни органи.

Поврзани новости