Турски државјанин со фалсификуван пасош се обидел да го продолжи престојот во Македонија

by Фокус

Јавен обвинител од скопското обвинителство поднесе Обвинителен предлог против турски државјанин за Фалсификување исправа.

„Обвинетиот, на 25 август, при поднесување на барањето за продолжување на дозволата за привремен престој во земјава по основ вработување, употребил како вистинска преправена јавна исправа – турски пасош. Во патната исправа била извршена преправка така што биле заменети оригиналните страници со податоци и фотографија на обвинетиот“, соопшти обвинителството.

Поврзани новости