Турски авион се урна врз куќи, 37 загинати

by fokus

Турски товарен авион утрово во 7:30 часот се урна во Киргистан врз неколку куќи, при што загинаа 37 луѓе, главно кои биле на земја.

Авионот летал од Хонг Конг, а се урна во близина на аеродромот, кој е на 25 километри од главниот град, соопштија властите во Киргистан.

Во несреќата се оштетени околу 15 објекти, а меѓу жртвите има и многу деца. Летот TK6491 требало да застане во Киргистан на патот кон Истанбул.

Поврзани новости