Турската полиција на преминот Хамзабејли/Лесово на границата меѓу Турција и Бугарија заплени 400.000 таблети, кои содржеле наркотични супстанци.
Таблетите биле откриени во автомобил со турски регистерски таблички, што патувал од Бугарија кон Истанбул.
- Advertisements -
Вкупната тежина на запленетата таблети, од кои најголемиот дел ЛСД, изнесувала околу 150 килограми.
Во рамки на акцијата се уапсени возачот на автомобилот и неговиот совозач, како и уште три лица од Истанбул, кои се осомничени за поврзаност со шверцот на наркотичните таблети.
Сите петмина приведени и претходно биле осудувани за шврец на дрога.