Туристичките агенции со загуби над 80 проценти

by Fokus

Туристичките агенции имаат пад на прометот од 80 до 100 проценти, интересот за патување е сведен на минимум, а реализацијата на направените аранжмани е неизвесна поради секојдневното менување на одлуките во државите поради пандемијата. Доставиле три барања до Владата и најавуваат дека во вторник ќе се приклучат на протестот на угостителите.

– Интересот за патување е сведен на минимум, скоро и да не постои. Падот на прометот кај сите туристички агенции е над 80 проценти, а кај големиот дел и 100 проценти. 2021 година беше годината кога сите се надеваме дека ќе се вратиме во нормала меѓутоа за жал истата се покажа дури и полоша од претходната. Континуирана помош од страна на државата нема. Гледаме што се случува во петтиот пакет мерки и тоа не можеме д го поднесеме, изјави денеска на прес-конференција Ана Марија Алексова од Туристичко-угостителската комора.

Поврзани новости