Турчин пронајден починат во угостителски објект на Бит Пазар

by Fokus

Жител на Република Турција бил пронајден починат во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар. Случајот бил пријавен вчера (31.10.2022) во 16.30 часот, во СВР Скопје.

-На 31.10.2022 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.Ч.(79) од Република Турција. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости