Турчин обвинет за неовластена трговија со хашиш масло

by fokus
Против турски државјанин е поднесе обвинителен акт за неовластена трговија со хашиш масло.
„По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на Аеродромот Скопје од Виена и се упатил на излезот „зелен канал“ наменет за патниците кои немаат ништо да пријават за царинска контрола. Притоа бил селектиран за контрола и запрен од царинските службеници.

При извршена проверка во неговиот багаж биле пронајдени десет шишиња со по 10 мл. хашиш масло, едно бело пластично шише без етикета со волумен од околу еден литар наполнето со хашиш масло, како и еден мал стаклен сад во кој исто така се наоѓало хашиш масло со тежина од 2,1 грама“, велат од Обвинителство.

Поврзани новости