Турчин фатен на „Деве Баир“ со фалсификувана зелена карта

by fokus

Утрово на Граничниот премин „Деве Баир“ бил приведен жител на Турција поради „фалсификување на исправа“.

„На 17.04.2019 година во 4 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење  основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ (зелена карта), од слобода бил лишен А.К.(57) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Даф“ и полуприколка со турски национални ознаки.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Поврзани новости