4
МВР информира дека рано утринава околу 03 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во земјава се пријавил К.С.(53) од Турција, но по извршена пасошка контрола било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.
Околу 03.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра, со барање да му се дозволи влез во С. Македонија.
К.С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело „давање поткуп“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.