Тунтев за 2.000 евра плата ќе директорува со Агенцијата за цивилно воздухопловство?

by fokus 20:29
20:29

Томислав Тунтев ја напушта пратеничката функција и ќе директорува со Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВМ). Високи извори од СДСМ за Телма велат дека тој веќе ги поднел документите и аплицирал за директор, која е една од најпривилегираните функции, имајќи ја предвид висината на платата која се движи околу 2.000 евра.

Претходно, Тунтев ги отфрлаше како шпекулации наводите дека ќе си замине од Законодавниот дом и дека има амбиции да застане на чело на Агенцијата.

- Advertisements -

Актуелен директор на АЦВМ е Горан Јандреоски. Платата му е утврдена со менаџерски договор и таа е неколкукратно поголема од просечната плата во државата. Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба важи за една од најатрактивните институции за вработувања поради високите плати.

Поврзани новости