Тунтев: Не е точно дека патните трошоци се зголемени за два ипол пати

by fokus

Томислав Тунтев од СДСМ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека не било точно дека во Буџетот за 2018 година патните трошоци за пратениците се зголемени за два ипол пати.

-Таа ставка од 1,3 милиони евра не е само за патни трошоци за одење на работа. Тука влегуваат и патувањата на пратениците и вработените и во странство. И ставката не е зголемена за два ипол пати од претходно. Всушност, таа и во Буџетот за 2017 беше 1,3 милиони, но со ребалансот ја намаливме на за 650.000 бидејќи тогаш Собранието не беше толку активно, објаснуваше Тунтев.

Поврзани новости