Тунтев: Апсењето на Петрески е политичка хајка и пресметка со неистомислениците

by Фокус

По апсењето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, денеска веднаш со реакција излегоа од општинската организација на СДСМ.  Тие се сомневаат дека апсењето на екс градоначалникот преставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта.

– Загубената доверба во судството, селективната правда, контролата на власта врз судството и политичкоти притисок врз судиите, нотирани во Извештајот на ЕК, Извештајот на американскиот Стејт департмент и извештаите на други меѓународни организации, оставаат сомнеж дека и овој случај на приведувањето на поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески претставува политичка хајка и пресметка со неистомислениците на власта –  истакна Томислав Тунтев, претседател на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Охрид.

Тој праша дали Александар Петрески е жртва и „на фијаското на градоначалникот на Охрид, Бакрачевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој не може да ги реализира ветените проекти од неговата програма, а ги задолжува охриѓани и дали на власта и треба нов политички прогон со монтиран судски процес за одвлекување на вниманието на јавноста од секојдневните скандали и случувања кај нас?

– Кога Петрески беше градоначалник на Охрид, локалната власт беше под силен притисок, постојана контрола и целосна блокада на работењето од страна на централната власт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ – нагласи Тунтев.

Поврзани новости